Мојсовски: 3 милиони евра за непречено спроведување на активностите на спортските федерации, клубови и спортисти

Сподели со своите пријатели

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски денеска одржа прес-конференција на која зборуваше за континуираното вложување и обезбедување услови за квалитетни спортски можности од страна на АМС и Владата.

Loading...

На прес-конференцијата Мојсовски информираше подетално за одлуката на Владата да одобри 184,5 милиони денари, односно околу 3 милиони евра од програмите за ковид мерките за спортистите и спортските федерации за непречено спроведување на нивните активности и во овие вонредни услови заради пандемијата со КОВИД-19.

Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме интегралното обраќање на директорот Наумче Мојсовски:

„Задоволство ми е што денеска од тука, од Владата на Република Северна Македонија имам можност да зборувам за поддршка на спортот и спортските работници.

184,5 милиони денари, односно 3 милиони евра , пари од државниот буџет ќе се насочат кон спортските субјекти на кои им е издаден ваучер согласно Законот за спорт. 666 спортски субјекти, 60 федерации и 173 спортисти досега добиле спортски ваучер. Ова е бројот на субјекти кои се опфатени со оваа мерка. Средствата од Буџетот на Република Северна Македонија, се дел од програмите за справување со последиците од КОВИД-19 кризата. Веќе една година сме соочени со тешкотии и проблеми во функционирањето заради коронавирусот и финансиска поддршка на спортските чинители во државата е еднакво потребна.

Со оваа владина одлука, усвоена на 65-тата седница, на наменските сметки на спортските субјекти на кои им се издадени ваучери за 2021 година, ќе им бидат уплатени најмногу до 30% од вредноста на издадениот ваучер како еднократна финансиска помош, утврдена во официјалната листа на спортски субјекти кои се објавени на веб страната на Агенцијата за млади и спорт.

Процедурата е едноставна и брза. Управата за јавни приходи до Агенцијата за млади и спорт, ќе достави листа на спортски субјекти кои се корисници на спортскиот ваучер и кои имаат поднесено и одобрено барање за даночно ослободување за донирање финансиски средства на спортски субјекти.

Веднаш потоа, Агенцијата за млади и спорт ќе изврши евалуација на листата и до УЈП ќе достави листа на спортски субјекти и износ за користење на остатокот од ваучерот кој им издаден за 2021 година, по што конечната листа ќе биде доставена до Генералниот секретаријат на Владата и ќе следува исплатата.

Loading...

Почитувани граѓани,

Драги спортисти и вљубеници во спортот, Владата и Агенцијата за млади и спорт, континуирано вложуваат во спортот, со што се создаваат услови за непречено спроведување на активностите на спортските федерации, клубови и индивидуални спортисти.

Тука сме со поддршка и сега, во време на пандемија, да направиме сѐ за да овозможиме развој, поголем простор и повеќе средства за нови спортисти и рекреативци. Ветивме дека спортот ќе го добие своето заслужено место и поддршка и тоа го остваруваме.

И во време на здравствена и економска криза, силно сме посветени на изнаоѓање решенија со коишто спортот и сите спортски работници, во континуитет ќе бидат поддржани со цел да може да функционираат непречено.“


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *