Мобилизирани руски војници: „Немаме поим каде сме, со раце копаме ровови“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во најновото видео кое кружи на социјалните мрежи, мобилизирани руски војници тврдат дека биле „фрлени како кучиња“ во полињата во Украина без никакви информации, наредби и без опрема, пренесува Телеграф.

Loading...

Војниците, кои велат дека се од Краснодар во јужна Русија, тврдат дека по еден месец транспортирање на различни локации, биле фрлени „некаде во полињата во Украина“ без радио, муниција или лекови. Велат дека не ни знаат каде се.

Додаваат дека живеат во дупки ископани со голи раце и спијат во нив на екстремно ниски температури.

„Двајца се толку болни што се хоспитализирани“, велат мажите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и Ерменија потпишаа договор за соработка, дистанцирање од Русија

Тие тврдат дека нивните семејства морале да плаќаат дури и за воени униформи, а морале „со голи раце да копаат дупки бидејќи немале лопати“.

„Нема лопати, ништо… Живееме на нива… Ни носат храна, буквално два пати на ден. Палиме огнови, сецкаме дрва, копаме“, вели еден.

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.