Многу руски војници излегоа од Украина назад во Русија

Сподели со своите пријатели

САД објавија вчера дека проценуваат дека Русија во голема мера се откажала од своите придобивки во близина на Харков и дека многу руски војници кои се повлекувале ја напуштиле Украина, преминувајќи ја границата назад во Русија, изјави висок американски воен претставник, пренесе Ројтерс.

Loading...

Драматична контраофанзива

– Генерално, оценуваме дека Украинците напредуваат додека се борат за ослободување и враќање на териториите на југ и на исток. На теренот кај Харков, проценуваме дека руските сили во голема мера им ги предале своите придобивки на Украинците и се повлекле на север и на исток. Многу од овие сили ја преминале границата со Русија – изјавил за новинарите американски воен претставник, кој сакал да остане анонимен.

Главниот штаб на вооружените сили на Украина, од друга страна, соопшти дека воената команда на Руската Федерација престанала да испраќа нови единици во Украина по драматична контраофанзива.

– Воената команда на Руската Федерација престана да испраќа нови, веќе формирани единици на територијата на Украина – објавија официјални лица на Фејсбук страницата на Главниот штаб.

Оваа ситуација на Твитер ја коментираше Филипс О’Брајан, професор по стратешки студии на шкотскиот универзитет Св. Ендрјус

– Ова е прилично необично тврдење што денеска го изнесоа Украинците и некои западни разузнавачки служби – дека Русија, во екот на колапсот во Харков, престана да испраќа засилување за својата војска во Украина – започна професорот.

Нема нови војници

Тој ја сподели објавата на украинскиот Генералштаб.

– Во суштина, не можам да ги убедам војниците да се борат. Тоа е група војници кои слушаат за сите смртни случаи, за страшниот третман на ранетите… – вели тој.

Loading...

– Украина ќе сака да го искористи ова бидејќи ако вака продолжи, би требало да има други неуспеси на руската линија. Тешко е да се види како тие ќе ја обноват новата линија во Харков покрај реката Оскил, на пример, со група војници што останаа од изминатите 10 дена.

Без нови трупи, целата линија би можела да се урне. Треба да се направи голем напор за да и се помогне на Украина да ја организира својата логистика за почеток на новата операција. Тие напреднаа толку многу, толку брзо, што несомнено ќе мора да се прегрупираат. Но, ова е вистинска можност – заклучува професорот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.