ММФ обезбеди нов заем од пет милијарди долари за Украина

Сподели со своите пријатели

Обезбедувањето нов заем од пет милијарди долари од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе помогне да се убедат другите украински кредитори дека макроекономската ситуација во земјата разурната од војна е под контрола, изјави во петокот главниот економски советник на украинскиот премиер Володимир Зеленски.

Loading...

Новото финансирање од ММФ ќе служи околу 18 месеци како сидро додека не се договори поголем финансиски пакет вреден меѓу 15 и 20 милијарди долари, кој треба да и помогне на Украина да ја надмине економската криза предизвикана од руската инвазија, изјави советникот Олег Устенко.

Украинскиот гувернер Кирило Шевченко пред две недели изјави за Ројтерс дека бараат од ММФ заем до 20 милијарди долари за период од две до три години.

Ваквото големо барање предизвика интензивни дискусии во ММФ, бидејќи може да покрене прашања за одржливоста на долгот на Украина.

„Програмата на ММФ од 5 милијарди долари ќе биде во согласност со претходните нивоа на финансирање и може да биде катализатор за финансирање од други извори, вклучувајќи ги ЕУ, САД и други земји“, рече Устенко.

Претходната програма за финансирање на ММФ за Украина беше откажана во март, а наместо тоа меѓународната финансиска институција ѝ додели на земјата итен заем од 1,4 милијарди долари со само неколку услови во првите недели од руската инвазија.

S&P и Fitch го намалија кредитниот рејтинг на Украина

Во меѓувреме, во петокот, две светски рејтинг агенции – Стандард и Пурс и Фич го намалија рејтингот за надворешниот долг на Украина, велејќи дека сметаат дека реструктуирањето на долгот на земјата е проблематично.

На почетокот на оваа недела, имено, странските кредитори на Украина го исполнија барањето на земјата за двегодишно замрзнување на отплатата на обврзниците во вредност од речиси 20 милијарди долари, со што избегнаа неуреден банкрот.

Loading...

S&P го намали рејтингот на украинскиот долг во странска валута од „CC/C“ на „SD/SD“.

„Со оглед на објавените услови за реструктуирање и во согласност со нашите критериуми, сметаме дека оваа трансакција е проблематична и еквивалентна на неисполнување на обврските за кредити“, изјавија од S&P.

Фич го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Украина од „Ц“ на „РД“.

Поради руската инвазија, Украина годинава ја очекува економски пад од 35 до 40 отсто, а во државната каса месечен дефицит од пет милијарди долари.

Устенко рече дека Украина се надева оти преговорите со ММФ за нов заем, вреден до 20 милијарди долари, ќе бидат брзи и дека ќе се постигне прелиминарен договор пред истекот на мораториумот за исплата на обврзниците на странските инвеститори.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.