ММФ не ја исклучува можноста за глобална рецесија

Сподели со своите пријатели

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева рече дека изгледите за глобалната економија „значително се затемниле“ од април и дека не може да ја исклучи потенцијалната глобална рецесија следната година со оглед на зголемените ризици.

Loading...

Георгиева во интервју за Ројтерс рече дека ММФ во наредните недели по трет пат годинава ќе ја намали прогнозата за глобалниот економски раст за 2022 година, додавајќи дека економистите на Фондот сѐ уште ги финализираат новите бројки.

ММФ се очекува да објави ажурирана прогноза за 2022 и 2023 година на крајот на јули, откако ја намали својата проекција за речиси цел процентен поен на 3,6 отсто во април. Глобалниот бруто домашен производ порасна за 6,1 отсто во 2021 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маж во Јапонија загина на ескалатор

„Изгледите значително се затемнија од нашето последно ажурирање во април“, рече таа, наведувајќи го универзалното ширење на инфлацијата, наглото зголемување на каматните стапки, забавувањето на економскиот раст на Кина и ескалацијата на санкциите поврзани со руската војна во Украина.

На прашањето дали може да ја исклучи глобалната рецесија, таа рече дека „ризикот е зголемен, така што не може да се исклучи“, додавајќи дека неодамнешните економски податоци покажале дека некои големи економии, вклучително и Кина и Русија, забележале пад во вториот квартал.

Ризиците за 2023 година се уште поголеми

„2022 ќе биде тешка година, а 2023 може да биде уште потешка. Ризиците од рецесија се зголемени за 2023 година“, рече Георгиева, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Среќник на американската лотарија освои вртоглави 1,13 милијарди долари

Шефот на ММФ предупреди дека продолженото заострување на финансиските услови ќе ги комплицира глобалните економски изгледи и рече дека е клучно да се стави под контрола растот на цените.

Глобалната перспектива сега е похетерогена отколку пред само две години, при што извозниците на енергија, вклучително и САД, имаат подобри резултати, додека увозниците се мачат, истакна таа.

Loading...

Забавувањето на економскиот раст може да биде „неопходна цена“ со оглед на потребата итно и без одлагање да се врати ценовната стабилност, заклучи Георгиева.