МКС Селгрос Лубин противник на ЖРК Куманово во ЕХФ Челинџ Купот

Сподели со своите пријатели

МКС Селгрос Лубин од Полска е противникот против кој Женскиот ракометен клуб Куманово ќе ги одмери силите во рамките на ЕХФ Челинџ Купот.

Благодарение на одличните игри, залагањето и борбеноста во сезоната 2016/17, единствениот клуб од нашиот град кој што ќе не претставува во европски натпреварувања, екипата на ЖРК Куманово ги доби можните противници. Ова претставува одличен успех за оваа млада генерација на ракометарки.

Ждребувањето кое се одвиваше компјутерски заврши утринава околу 11 часот по што кумановки го знаат својот противник. Останува да го финализираат ростерот и да ги започнат подготовките како за домашна така и за европска сцена.

 

Loading...