МКК Куманово му гостува на КК Соколи

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Младинскиот кошаркарски клуб Куманово денеска на гостински терен ќе ги одмерат силите со КК Соколи од Штип.

Loading...

Станува збор за натпревар од 9. коло од Втората кошаркарска лига на Македонија, во кој кумановци влегуваат како апсолутен фаворит.

МКК Куманово засега не бележи пораз по осум одиграни натпревари и е единствен клуб од Втората лига без пораз, додека Соколи имаат четири победи и исто толку загубени натпревари.

Мечот се игра утре од 18:00 часот во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип.

Никола Ивановски