Митови за спиењето во кои треба да престанеме да веруваме

Сподели со своите пријатели

Во едно интересно истражување кое го спровела апликацијата за спиење и медитација „Calm“, учествувале над 4.000 возрасни од Велика Британија, Франција и САД, а еве кои се митовите во кои најголем дел од нив, а најверојатно и вие, верувате.

Студениот воздух ќе ве разбуди

Loading...

Многумина веруваат дека студениот воздух ќе ги одржу будни, па затоа отвораат прозорци во колите додека возат. Веројатно звучи очигледно, но тоа што ви се спие не е знак дека треба да го отворите прозорец, туку дека сте уморни и дека ви треба пауза. Во никој случај не возете поспани.

Мозокот се одмора кога спиете

Секако, потребна ви е пауза и потребен ви е сон, но мозокот сепак е прилично активен и додека спиеме, што за многу испитаници било непознато. Мозокот практично никогаш „не се исклучува“, а особено е активен во РЕМ фазата од сонот.

Не треба да будите некој кој месечари

Овој мит е толку врежан, што дури 48 отсто од испитаниците веруваат во него. Меѓутоа, може да биде дури и опасно ако не разбудите месечар, особено, ако на пример, е во близина на скали.

Лицето кое месечари обидете се да го насочите кон креветот и не грижете се ако се разбуди – безбедно е.

 

Loading...

 

Додека спиете голтате инсекти

Иако третина од испитаниците веруваат во ова, вие не верувајте. Не е вистина дека додека спиете голтате по некој инсект.

Ако не можете да спиете, останете во креветот

Доколку ве мачи несоница или се будите во текот на ноќта, лежењето во кревет веројатно ви е кошмар.

Но, нема бргу да заспиете лежејќи во креветот. Кога се мачите да заспиете, подобро е да станете на неколку минути и да се обидете да се опуштите читајќи книга, а потоа вратете се во креветот кога ќе почуствувате дека ви се спие.

Можете да надокнадите недостаток на сон

Ако во текот на неделата не спиете доволно, не очекувајте тоа да може да го надокнадите со тоа што за викенд ќе спиете подолго.

Алкохолот помага да заспиете

Многумина мислат дека чаша вино пред спиење може да ги заспие, но тоа всушност е лоша идеја. Алкохолот лошо делува на спиењето и поголеми се шансите да се будите во текот на ноќта.

Loading...

 

 

Рчењето е секогаш безопасно

Четвртина од испитаниците веруваат во тоа дека рчењето е безопасно. Најчесто и е, но може да биде и симптом на опасно пореметување во спиењеот, апнеја на спиење, и следена со умор и поспаност во текот на денот.

Loading...

Сирењето е виновно за кошмарите

Верувале или не, во ваков мит веруваат 22 отсто од испитаниците – ако навечер јадете сирење, ќе имате кошмари. Секако, тоа е глупост и сирењето дури може да ви помогне да заспиете подобро затоа што содржи триптофан, кој помага на телото да произведе повеќе серотонин.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *