Мистериозни локации кои ги нема на мапите: Рај за авантуристите, но ако успеат да ги пронајдат

Сподели со своите пријатели

Далечините, изолирани и обвиени со велот на тајната, овие места се вистински предизвик за авантуристи кои сакаат да ги освојат непознатите, диви и недопрени места.

Loading...

Сепак, тие прво мора да ги пронајдат…

Помислата за постоење делови на светот кои не постојат во официјалните мапи во ерата на сеприсутната технологија се чини невозможна, но сепак е точно.

Научниците истакнуваат дека пред да го истражиме просторот, ние дефинитивно треба подобро да ја запознаеме сопствената планета, движејќи се од копното што ни е далеку попристапно отколку длабочините на океанот.

Вале до Јавари, Бразил

Тоа е област на законски заштитената долина во близина на бразилско-перуанската граница, каде во 2010 година бразилските власти откриле постоење на претходно непознати и изолирани домородни племиња.

Снимките што ги снимија од воздух можеа да се забележат колиби и насади на банани и пченка што ги хранат членовите на племињата.

Експертите претпоставуваат дека племето живеело во областа без контакт со цивилизација најмалку 1000 години и дека заедницата веројатно има околу 200 члена.

Loading...
https://youtu.be/4_k5HuDTk3Q

Долината на Јавари е со големина на Португалија и веќе е сцена на слични откритија.

Бразилските власти забранија каков било контакт на јавноста со изолираните племиња од страв од разни инфекции кои би можеле да ги погодат племињата кои не развиле имунитет кон различните бактерии што ги пренесуваат луѓето.

Сламови

Оваа јужноамериканска земја има друга област која не е во мапите, не толку заради нејзината изолација и мистерија, туку нејзината непрегледност.

Станува збор за сиромашни населби, сиромашни квартови. Тие се шират неконтролирано од година во година, а освен Рио де Женеиро, постојат и во нигерискиот Лагос.

Овие населби се граделе спонтано, без планирање и одобрување, а честопати и без основни услови за живот, како што се вода и електрична енергија. Во Бразил, тие се нарекуваат фавели.

Кон крајот на 18 век, првите такви населби биле наречени африкански квартови. Тоа било место каде што поранешните робови живееле без можност за работа и без своја земја. Со текот на годините, многу слободни црни робови се преселиле во такви населби.

Пред да се направат првите фавели, сиромашните граѓани биле истерани од центарот на градот и биле принудени да живеат во оддалечени предградија.

Loading...

Но, повеќето денешни фавели потекнувале од 1970-тите години, поради големата урбанизација во која многу луѓе ги напуштиле руралните области на Бразил, каде претходно живееле и се преселиле во градовите.

Бидејќи многумина не можеле да најдат место за живеење, тие завршиле во фавели.

Островот Сенди, Пацифик

Овој остров беше мапиран, но потоа е избришан. Поточно, островот, кој, наводно, го открил капетанот Кук, одамна е прикажан како дел од Коралното Море крај брегот на Австралија.

Иако мапите се обележани уште од 1800-тите, луѓето сфатиле дека многу мапи не се прикажани денес, а „Гугл мапс“ најпрво ја зацрни локацијата и потоа ја замагли.

Фантомскиот остров беше официјално „откриен“ во 2012 година, кога истражувачки брод не можел да најде ништо на координатите каде требало да се наоѓа.

Никому не му е јасно како тој се појавил претходно на картите или што навистина пронашол капетанот Кук…

Јукатан ценоте, Мексико

Loading...

Ова чудо на природата во Мексико е подземен пештерски систем долг илјадници километри, и остана релативно неистражено уште од ерата на Маите и не постои на мапите.

https://www.instagram.com/p/B6S5A0vHKcI/?utm_source=ig_embed

Реките што течат низ системот создаваат воден слив на Јукатан и го поддржуваат постоењето на околу 11 различни екосистеми.

Гангкхар Пенсенсум

Официјално е највисоката неосвоена планина во светот и се наоѓа на високо ниво на Хималаите со студен и непопустлив замрзнувачки ветер. Врвот е на надморска височина од 7570 метри, што го прави официјално највисоката планина во Бутан. Се наоѓа на границата со Кина.

Висината на Гангхар Пенсенум за прв пат била измерена во 1922 година, но до последниве години, поради погрешни податоци, планината е прикажана на различни локации и во различни висини.

Јапонска експедиција во 1998 година пронајде дупка во законот и тргна да ја освои кинеската страна. Тие достигнаа висина од 7.535 метри, но последните 35 метри биле недостижни за нив.

Loading...

Гангхар Пенсенум отсекогаш било мистериозно место, а според локалните верувања, населено е со духови што прогонуваат луѓе кои доаѓаат да ја „вознемируваат“ планината.

Leave a Reply