Мистериозен блесок над Киев: Украинските власти објавија детали за „необичниот објект“

Сподели со своите пријатели

Мистериозниот блесок кој го осветли небото над главниот град на Украина, Киев, предизвика многу шпекулации, пишува Би-Би-Си.

Loading...

Синоќа на небото над Киев е забележан објект, соопшти регионалната воена управа.

Тие на Телеграм наведоа дека украинските сили за воздушна одбрана се подготвени да го урнат објектот.

Тие ги повикаа жителите да останат во засолништа.

Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко на Твитер потврди дека над областа е забележан „светлен блесок“, но „не се слушнала експлозија“.

 

 

Loading...

Официјални лица во Киев изјавија дека се сомневаат дека сателит на НАСА паднал на Земјата, но американската вселенска агенција изјави за Би-Би-Си дека нивниот сателит се уште е во орбитата.

Украинската агенција за вселенски истражувања, која работи во рамките на украинската влада, сега објави детали за одблесокот.

„На 19 април 2023 година, во 21:57 часот по киевско време, инфразвукот на Државниот технички центар на Украина сними високоенергетски акустичен настан на територијата на Украина. Се проценува дека епицентарот на експлозијата е во регионот на Киев.

Настанот најверојатно е поврзан со навлегување на вселенско тело во густите слоеви на атмосферата, информациите се разјаснуваат“, соопштија тие, пренесува Индекс.