Мишел за стратешката агенда: Неопходни внатрешни реформи на ЕУ, но и на кандидатите

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во однос на стратешката агенда усвоена од лидерите на ЕУ за периодот од 2024 до 2029 година, рече дека кога станува збор за проширувањето, ќе бидат неопходни внатрешни реформи на ЕУ, како и дека кандидатите за членство во блокот спроведуваат реформи и решаваат билатерални спорови од минатото.

Loading...

Мишел рече дека се донесени важни одлуки во областа на проширувањето на ЕУ и нагласи дека ЕУ мора да си ја заврши домашната задача.

„Ќе биде потребен процес на внатрешни реформи. Договоривме рамка во таа област. Ги молиме оние кои би сакале да влезат во ЕУ да го направат својот дел. Тоа значи дека треба да ги спроведат реформите што се потребни. Тие, исто така, треба да решат некои спорови од минатото за да можеме да постигнеме поголем напредок на полето на проширување“, рече Мишел, пренесе Танјуг.

Тој нагласи дека стратешката агенда се заснова на три столба, а прво ги спомена демократските вредности и принципи, за кои рече дека се „компас за сите нас“.

Како друг столб наведе дека треба да се развие конкурентноста на ЕУ и да се поддржат сите можни мерки за поголем просперитет на целата територија на ЕУ.

Во овој контекст, тој потсети дека пред пет години беше одлучено дигиталната транзиција од една страна и климатската транзиција од друга страна да бидат „економскиот мотор“ на ЕУ за иднината.

„Ние разбираме дека треба да ја прилагодиме парадигмата на нашиот економски просперитет, нашиот економски развој и сакаме да го направиме тоа на начин што ќе ја поддржи нашата конкурентност, на начин што ќе ја поддржи нашата индустриска база и технолошка база од една страна, во начин кој ги поддржува нашите мали и средни претпријатија, од друга страна“, рече Мишел.

Тој додаде дека ЕУ е решена да биде многу поефикасна на полето на европската одбрана и безбедност.

Loading...

„Сакаме да развиеме водечки проекти. Сакаме да работиме заедно за да идентификуваме како можеме да обезбедиме поголема финансиска поддршка во областа на одбраната и повеќе заеднички набавки, повеќе заеднички проекти, во согласност со НАТО“, рече Мишел.

Тој истакна дека НАТО е камен-темелник на колективната одбрана и безбедност на ЕУ.

Кога станува збор за заштитата на границите, Мишел рече дека лидерите на ЕУ разбираат дека миграцијата е голем предизвик и посочи дека во сегашниот институционален циклус и за време на белгиското претседавање со ЕУ се направени значајни чекори на овој план, кога се донесе одлуката за беше направен договор за миграција.

„Од една страна, развиваме поконкретни иницијативи во соработка со трети земји во областа на миграцијата. И знаеме дека тоа е неопходно за да работиме на кооперативен начин за да одговориме на овој суштински предизвик“, заклучи Мишел.