Мишел: Украина ќе биде единствената тема на следниот состанок на Европскиот совет

Сподели со своите пријатели

Украина ќе биде единствената тема на разговор на ниво на шефови на држави и влади на следниот состанок на Европскиот совет, бидејќи заштитата на интересите и вредностите на самата Европска унија зависи од продолжувањето на солидна помош, рече Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел синоќа на прес-конференција по виртуелниот самит на ЕУ во Брисел, посветен на ситуацијата на Блискиот Исток и координацијата на напорите по нападот на Хамас врз Израел.

Loading...

Мишел истакна дека Европската унија треба да продолжи да обезбедува хуманитарна помош за Палестинците и соседните земји кои прифаќаат бегалци, но истовремено истакна дека е од суштинско значење ЕУ да остане непоколеблива во поддршката за Украина во нејзиниот отпор кон руската агресија.

– Сакам да истакнам дека навистина верувам дека наша должност и одговорност е да останеме одлучни и да продолжиме да ја поддржуваме Украина се додека е потребно. Ќе останеме мобилизирани во оваа смисла. Украина ќе биде единствената точка на дневниот ред на следниот Европски совет – изјави Мишел.

Ревизија на повеќегодишниот буџет

– Ќе започнеме дискусии за ревизија на европскиот повеќегодишен буџет, а на оперативно ниво нашите заменици министри ќе се сретнат пред крајот на оваа недела за да разговараат за темите што ќе ги презентираме пред Европскиот совет – рече Мишел, пренесува Укринформ.

Тој најави и дека следниот понеделник ќе се одржи Советот на министри на Европската унија за надворешни работи, кој ќе продолжи понатаму со анализа на активностите што ЕУ треба да ги преземе за веродостојно да ги заштити сопствените интереси и вредности.

Ситуацијата на Блискиот Исток

– Без сомнение, има барем една земја која има корист од сериозната ескалација на насилството во регионот на Блискиот Исток, а тоа е Русија – тврди Мишел.

– Руската Федерација ќе се обиде, и веќе почна да го прави тоа, да ја искористи оваа ситуација за да поттикне наратив против Европската унија, против нашите партнери, ќе го промовира наративот дека има луѓе кои сакаат да го бранат мултилатерализмот, а во исто време да демонстрираат двојни стандарди – рече Мишел и ги повика европските претставници да не паѓаат во оваа замка.

– Ќе останеме посветени на нашите принципи, нашите вредности, почитувањето на човековите права, почитувањето на достоинството на луѓето, меѓународното право и владеењето на правото – нагласи претседателот на Европскиот совет.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.