Мирсаде Фејзули назначена за портпарол на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Мирсаде Фејзули од вчера е назначена за портпарол на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Со информацијата се пофали заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу на социјалните мрежи.

Кумановската полиција повеќе од 11 години нема портпарол, па соработката со медиумите им е препуштена на други полициски службеници. На брифингот кој началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ кој го имаше со медиумите по неговото последно доаѓање на функцијата, ни посочи дека од непознати причини оваа место во кумановскиот сектор се чувало непополнето.

Освен на кумановската полиција нови портпароли се назначени и на повеќе сектори низ државата, а со информацијата вчера на социјалните мрежи се пофали заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу.

1. Мерита Шехи – Портпарол во Министерството за внатрешни работи;
2. Валдете Етеми – Портпарол во секторот Скопје;
3. Мирсаде Фејзули – Портпарол во секторот Куманово;
4. Доњета Весели – Портпарол во секторот за Тетово;
5. Мерлина Ислами – портпарол во охридскиот сектор;
6. Шпреса Амеди – портпарол во битолскиот сектор.

Leave a Reply