Министрите за надворешни работи на Г7 денеска во Германија

Сподели со своите пријатели

Министрите за надворешни работи на Г7 денеска ќе се состанат во Германија за да разговараат за најдобрите мерки за поддршка на Киев, откако неодамнешните руски напади врз енергетската инфраструктура на Украина предизвикаа големи прекини на струја во земјата.

Loading...

Фокусот на дводневниот министерски самит во Минстер во западна Германија ќе биде војната во Украина, но улогата на Кина на глобалната политичка сцена како и протестите во Иран исто така ќе бидат високо на агендата, пренесува Ројтерс.

„Овој министерски состанок на Г7 доаѓа во важен момент за нас“, рече висок претставник на Стејт департментот, истакнувајќи дека групата „била витален механизам за координирање на политичкиот пристап кон најитните прашања“.

Министрите на Г7 најверојатно ќе разговараат и за неодамнешната одлука на германскиот канцелар Олаф Шолц да и дозволи на кинеската бродска компанија Коско да инвестира во терминал во Хамбург, како и неговата намера утре да го посети Пекинг.