Министерството за здравство не одговара на прашања од локалните медиуми

Сподели со своите пријатели

Министерството за здравство не одговара на прашњата од локалните медиуми.

Loading...

Редакцијата на Кумановски Муабети досега четири пати упати прашања за прес конференциите на министерот за здравство Венко Филипче. Иако потенциравме дека одговорите може да ги добиеме и по електронски пат, само првиот пат добивме директен одговор од министерот.

Сметаме дека е особено важно локалните медиуми да имаат еднаков пристап до прес конференциите, во услови кога владее паника во градот од постојаниот пораст на нови случаи на коронавирус.

Освен тоа, за разлика од националните медиуми, локалните медиуми од Куманово не ги добиваат соопштенијата од Министерството за здравство, кои се особено значајни.

Апелираме Министерството да има слух за прашањата на новинарите од Куманово, бидејќи граѓаните имаат право да бидат соодветно информирани.

Во продолжение сите прашања кои нашата редакција досега ги има испратено на официјалниот мејл на министерството, а кои останаа неодговорени.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply