Министерството за правда за жал демантира дека Груевски е уапсен

Сподели со своите пријатели

Откако во дел од медиумите се објави информација дека поранешниот премиер кој е азилант во Унгарија, наводно бил уапсен од тамошните власти, а македонското Министерство за правда не бара негова екстрадиција, со реакција се јавија и од ресорот правда, од каде ваквите информации ги демантираат:

Loading...

Демантираме уште една од многуте лажни вести деновиве – целосно ги отфрламе изнесените невистини дека Никола Груевски е уапсен и дека Министерството за правда не бара негова екстрадиција.

На јавноста ѝ е познато дека Министерството за правда веднаш по бегството на Никола Груевски – уште минатата година, испрати барање за негова екстрадиција и истото беше одбиено.

Во прилог на ова е последниот доспис од 31 октомври 2019 година, од унгарското Министерство за правда, во коешто нè информираат дека по одбивањето на екстрадицијата, документите биле испратени во унгарското обвинителство.

Унгарското Министерство за правда, исто така нè информираше дека Јавниот обвинител одлучил да не иницира кривична постапка, ниту било какви други мерки против Никола Груевски.

Leave a Reply