Министерот Спасовски се вакцинираше во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утринава со вакцината на „Синофарм“ се вакцинираше против Ковид-19 на вакциналниот пунк во салата на СОУ „Перо Наков“ во Куманово.

Loading...

 

 

По вакцинацијата, рече дека тоа е граѓанска и општествена одговорност на сите граѓани, имајќи предвид со што се соочуваме.

– Навистина само вакцинацијата и имунизацијата на населението може да помогне да ја победиме оваа болест, Ковид-19 и затоа е многу важно сите граѓани од Куманово и нашата земја што е можно во поголем број да се пријават за вакцинирање, сакам да го изразам задоволството што кај граѓаните на Куманово има добра пријавеност за вакцинирање, меѓутоа веќе и над 10% од населението на градот се имунизираше, што покажува на дело за една одговорност што ја имаме како град и како луѓе, рече Спасовски.

 

Loading...

 

Вели дека не е важно со која вакцина ќе се вакцинираме, бидејќи сите вакцини се проверени и безбедни.

– Добро е што во последно време генерално имаме многу голем број граѓани што сакаат да се вакцинираат и уште еднаш ќе апелирам до сите нив да се пријават на vakcinacija.mk, ќе добијат термин и да ја завршат личната и граѓанската должност на тој начин помагаме на себе и на семејството, опкружувањето. Секако дека вакцинацијата не е крај на борбата против Ковид, посебно во периодот по вакцинирањето треба да внимаваме да ги почитуваме мерките за безбедност, истакна министерот.

 

 

Тој се заблагодари на медицинскиот персонал вклучен во процесот на вакцинирање и изрази очекување дека сите заедно ќе допринесат да се стави крај на пандемијата, а единствен начин е вакцинацијата.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply