Министерот Маричиќ на средба со членовите на ДКСК

Сподели со своите пријатели

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска беше во посета на Државната комисија за спречување на корупцијата каде оствари средба со претседателката и членовите на антикорупциската комисија.

Loading...

Во фокусот на денешната средба, како што соопшти Министерството, беа препораките на ГРЕКО од Петтиот круг на евалуација, кој е на тема „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“.

На состанокот се дискутирало и за потребата на зајакнување на антикорупциските политики и потребата од евентуална измена на законите во областа како што се Законот за заштита на укажувачи, Изборниот законик, а се дискутирало и околу потребата за носење на Закон за потекло на имот.

Воедно, на средбата се разговарало и околу можностите за зајакнување на капацитетите на Државната комисија за спречување на корупцијата за поефикасна превенција и борба против корупцијата.

Leave a Reply