Милион евра туристите фрлаат во најпознатата фонтана на светот: Еве кој ги зема тие пари!

Сподели со своите пријатели

Монетите кои туристите ги фрлаат во познатата римска Фонтана ди Треви, заради здравје или љубов и среќа, се вадат од барокната фонтана два пати месечно.

Loading...

Потоа парите се носат во хуманитарната организација на Католичката црква, Каритас.

 

gray concrete fountain in front of white concrete building during daytime
Photo by Nadia Fsnk

 

Оваа организација потоа ги брои ситните пари од фонтаната и ги користи за финансирање на народна кујна и проекти за општествено корисна работа, според Ројтерс.

Каритас собрале 1,4 милиони евра од фонтаната во 2022 година, а се очекува да се соберат повеќе пари во текот на претходната година, најмногу поради легендата дека ако монета се фрли во Фонтаната ди Треви со десната рака преку левото рамо, враќањето во Рим е загарантирано.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  БИЗАРНА ПРИКАЗНА: Ја погребал сопругата, па се венчал со нејзината мајка (ВИДЕО)

Накит, протези, религиозни симболи, па дури и папочна врвца се отстрануваат од фонтаната, која се исцедува за чистење двапати месечно.

 

Loading...
water fountain in front of building
Photo by Michele Bitetto

 

Вадењето монети е интересен настан, во кој се вклучени четворица работници на регионалното комунално претпријатие АЦЕА, кои балансираат на работ на големата фонтана, користејќи долги метли и црева за вшмукување.

Монетите потоа се предаваат на Каритас, каде што се сушат со фен, се сортираат и се бројат.

Таблите околу фонтаната објаснуваат дека монетите се наменети за добротворни цели, а земањето кусур од фонтаната е казниво.

 

a fountain with statues in front of Trevi Fountain
Photo by Tamal Mukhopadhyay

 

Рим е еден од најпосетуваните градови во светот, со околу 21 милион туристи годишно, а Фонтаната ди Треви, завршена во средината на 18 век, прикажува статуа на Тритон преку која ја илустрира темата за припитомување на водата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  66 отсто од родителите се чувствуваат изолирано и осамено

Околу оваа фонтана е фокусирана една од најпознатите филмски сцени од делото на режисерот Федерико Фелини „La Dolce Vita“, во која влегува Анита Екберг и го кани Марчело Мастројани да ѝ се придружи.

Loading...

Влегувањето во Фонтаната ди Треви денеска е забрането, а туристите кои ќе го прекршат ова правило плаќаат казна.