Милион денари од Општина Куманово за настраданите во скопскиот регион (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Еден милион денари ќе бидат издвоени од Буџетот на Општина Куманово за настраданите лица од катастрофалната поплава што викендов го зафати скопскиот регион, ваква одлука на предлог на градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска едногласно изгласаа советниците на вонредната седница на Советот на Општина Куманово.

 

Loading...

DSC_0020

 

Како што истакна претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски ова не е период на говоранции, туку период кога треба да се преземат вистински дејствија за да им се помогне на настраданите.

Со одлука на советот по предлог на градоначалникот издвоивме еден милион денари како помош на општините на територија на Град Скопје кои се засегнати од оваа елементарна непогода. што се однесува до нашата сега веќе покојна сограѓанка, Жаклина Божиновска, за помош на нејзиното семејство издвоивме 180 илјади денари. Скромна, незначителна помош, но верувам дека во овие тешки моменти ќе се најде на секој од засегнатите – изјави Максим Димитриевски, претседател на Совет на Општина Куманово.

DSC_0016

 

Во текот на вчерашниот ден надлежните од општината испратиле и техничка помош на барање на раководните лица од погодените општини. Биле побарани градежни машини, оператива и оспособени луѓе за чистење и одржување на инсталции.

Нашиот градоначалник надлежните јавни претпријатија се во континуиран контакт со сите општини кои имаат потреба од ваква помош и секако дека Општина Куманово своите капацитети веќе ги стави на располагање – рече Димитриевски.

DSC_0015

 

На почетокот на вонредната седница со едноминутно молчење советниците симболично им одадоа почит на жртвите од саботните поплави во Македонија.

 

Loading...