Милан Вељковиќ и Никола Стојановиќ со медали од Атлетски митинг во Белград (фото)

Сподели со своите пријатели

Први места и златни медали повторно во рацете на членовите на Алтетскиот клуб Куманово, кои изминтите денови учествуваа на Меѓународен митинг „Трофеј Београд“ во Србија.

 

Loading...

13166042_1175324862489217_8155054494193703831_n

 

Во категоријата 400 метри со пречки македонскиот репрезентативец Милан Вељковиќ го освои првото место, а осевн златен медал му беше доделен и сепцијален пехар. Во категоријата скок во височина второто место замина во рацете на Никола Стојановиќ, исто така истакнат член на Атлетскиот клуб Куманово.

 

13179100_1175324879155882_3990202771892106659_n

Не очекував да бидам 1 место, навистина е задоволство да победиш на натпревар надвор од Македонија и тоа на главната Меморијална дисциплина. Можев да постигнам и подобар резултат, истрчав 60.69 сек но бидејќи ги престигнав сите на првите 200м мислев дека одам пребрзо и успорив малку, а со тоа си го нарушив ритамот на поминувањето на пречките и вторите 200м ми беа доста лоши – изјавил Вељковиќ само на враќање од Белград за порталот Атлетика.мк.

13173659_1175324845822552_7724277125821992346_n

 

Митингот веќе неколку години традиционално е во организација на Атлетскиот сојуз на Белград и се разбира за поздравување е што има вакви митинзи за младите атлетичари.