Мигранти откриени во куќа во Ваксинце, откако жителка поднела поплака за семејни проблеми

Сподели со своите пријатели

Поплака за семејни проблеми открила двајца мигранти од Пакистан во кумановското село Ваксинце.

Loading...

– На 09.06.2021 во 16.55 часот, полициски службеници од СВР Куманово, по претходно пријавена поплака за семејни проблеми во куќа на Б.К.(53) во село Ваксинце, излегле на местото и при контрола во куќата, затекнале две лица мигранти Р.М.А.(36) и Б.А.(39) од Пакистан, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Мигрантите биле предадени во Транзитен центар до нивно сослушување.

Против сопственикот на куќата Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава по целосно документирање на случајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply