Утринава два часа по полноќ Регионалниот центар за гранични работи Север, откриле 31 лице илегални мигранти во липковските села Лојане и Ваксинце, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Службениците постапувајќи по претходно изготвен план за откривање и пронаоѓање на илегални мигранти кои престојуваат на отворен простор во Липковскиот крај ги откриле мигрантите, од кои 22 лица биле државјани на Сирија, петмина биле Пакистанци, како и по две лица од Авганистан и Мароко.
Од МВР додаваат дека за пронајдените лица постапката е во тек.