Мигранти качени на товарен воз откриени на преминот во Табановце

Сподели со своите пријатели

Десетици мигранти се симнати од воз утрово на граничниот премин Табановце, јавува порталот Плусинфо.

Loading...

Мигрантите биле качени во товарен воз, но полицијата ги открила и ги симнала.

Во текот на вчерашниот ден, група волонтери според тврдењата на очевидци, биле спречени да поделат хуманитарна помош од страна на локалните жители на село Табановце, со изговор дека мигрантите правеле смет во околните ниви за што никој од надлежните не преземал одговорност да го собере натрупаните отпадоци.

По усвојувањето на измените на Законот за азил и привремен престој, мигрантите кои транзитираат низ Македонија сега редовно ги користат возните линии кои сообраќаат од Гевгелија кон Скопје, т.е граничен премин Табановце, но поради немање валидни пасоши, истите се пропуштаат низ државната граница низ диви премини, каде што се случува да бидат задржани и по 24 часа поради спуштена рампа од српска страна.

Задржување на бранот мигранти се случува и на преминот во Гевгелија.

Мигрантите по неколкудневниот престој во кумановската џамија, во исчекување на измените на Законот за азил, од вчера наидоа на затворени врати, откако џамискиот одбор на муфтиството во Куманово упати апел, Владата да преземе конкретни чекори за згрижување на бегалците од Блиски Исток.

 

 

Loading...