Мигрант од Авганистан е претепан и ограбен близу Куманово

Сподели со своите пријатели

Како што информира СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден, некаде околу 18.00 часот во близина на с. Шупли камен – кумановско, две маскирани лица кои се превезувале на мотор со закана со пиштол извршиле разбојништво над С.А.(31) од Авганистан, удирајќи го со рачката од пиштол во пределот на главата и одземајќи му ранец во кој имал 1200 евра и два мобилни телефони.

Loading...

Се преземаат мерки за откривање и пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.