Мигрант бегајќи од полицијата повреден во Табановце

Сподели со своите пријатели

На автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“, во близина на обиколница селото Табановце, полициски службеници забележале товарно возило „цитроен џампер“ со скопски регистарски ознаки, од кое излегле мигранти, кои заедно со возачот се вдале во бегство, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

По преземени мерки, полициски службеници ги пронашле A.Х.(22) и А.А.(21), двајцата од Пакистан.

Како што појаснуваат од полицијата, А.Х. се здобил со повреда на нога додека бегал и му била укажана помош од екипа од Црвен крст.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply