11.09.2019 01:53

Мицотакис: Турција продолжува да провоцира околу Кипар

Facebook Twitter Google+

Грчкиот премиер Мицотакис рече дека Турција продолжува да провоцира во пристапот кон етнички поделениот Кипар и дека Анкара е меѓународно изолирана.

Кирјакос Микотакис ја даде изјавата за време на средбата со кипарскиот претседател Никос Анастасијадес, пренесе АП.

loading...

Посетата на Анастасијадес доаѓа еден ден откако напорите за започнување разговори за повторно обединување беа запрени кога турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека кипарските Грци мора да се согласат дека кипарските Турци ќе имаат паритет во управувањето со земјата пред да продолжат дијалозите, пренесе агенцијата.

Тој исто така рече дека турската експлоатација на природен гас ќе продолжи во водите каде меѓународно признатата влада на Кипар има ексклузивни права, додека кипарските Грци го отфрлаат предлогот за заедничко истражување на јаглеводороди со кипарските Турци.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments