Мицкоски од Куманово повика да се почитува догоровеното од лидерската средба (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

„Апелирам да надвладее мудроста, трпението, да не го делигитимираме оној последен лидерски состанок, порача лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска по средбата со граѓаните на Куманово, а во контекст на тоа дека Коалицијата за обнова на Македонија останува на ставот за избори на 12ти април.

Loading...

– Ние имаме договор, договорот е дека на 3ти јануари имаме избор на технички премиер и техничка влада, на 12ти април 2020 имаме предвремени парламентарни избори, тоа е договор кој е постигнат во присуство на претседателот на државата, Зоран Заев премиерот на државата, таму беа претставници на политички партии и таму се разговараше за можностите кои денеска се дилема и кои што денеска ги рефлектираат од страна на СДСМ и онаа загриженост која ја рефлектираат, изјави Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ставовите на премиерот Заев осцилираат низ годините наназад, а тоа, како што вели, негативно влијае врз сите сфери на општеството.

– Рефлектира и создава погрешен впечаток во општеството, ги демотивира, ги деморализира граѓаните на Македонија, влијае негативно и врз економијата, бидејќи луѓето прават планови кои ги димензираат врз навигацијата која ние политичарите ја креираме, и повторно ќе кажам тоа може целосно да го делигитимира целиот состанок или лидерска средба и на тој начин не гледам како може во иднина да седнуваме повторно и да се договараме за сериозни теми кои што се од сериозно значење за граѓаните на Македонија. Повторно ќе кажам и ќе апелирам на разум, да се почитува договореното, рече Мицкоски.

Loading...

Запрашан што во случај Шпанија да го ратификува договорот за НАТО, а Македонија да нема Парламент кој ќе може да го ратификува, Мицкоски вели дека на средбата кај претседателот Пендаровски, универзитетски професори дале толкувања дека во минатото имало пракса по распуштање Парламентот повторно да се собере.

– Сите почитичари и претставници на политички партии кои беа тоа го слушнаа и беа сведоци на тоа, така што јас навистина овие осцилации не можам да ги разберам, вака не можеме сериозно да се однесуваме, и да бараме сериозност од останатите субјекти во државата, мора да покажеме сериозност барем сега кога има предуслови за таква сериозност, а тоа беше последната лидерска средба, додаде тој.

Во однос на последните промени во даночната политика на земјата, Мицкоски вели дека е пострашно што носителите на економската политика признале дека имаат погрешна економска политика.

– Навистина не можам да се изначудам со каква леснотија излегуваат пред новинарите и велат нашата економска политика всушност била погрешна овие три години, кој ќе ги санира последиците. Имаат можност јас и оваа прилика ја користам и апелирам до Зоран Заев до Министерството за финансии веднаш да ги вратат парите назад кон граѓанството и стопанството што ги наплаќаа како арач изминативе девет месеци, овие неколку месеци што им остануваат да водат рационална политика да не водат егзибисионистички политики, да не ја доведуваат државата во подредена состојба и да не ги ставаат во непријатно, под уцена и притисок вработените во институциите да слугуваат на погрешните политики, по 12 –ти април ќе има одговорност и пред законите но и пред граѓаните, порача лидерот на опозицијата.

Имињата за техничката влада, како што најави ќе бидат познати во декември.

– Немаме персонални решенија се уште процесите се важни, во периодот кој следни ќе го формираме републичкиот изборен штаб, општинските изборни штабови, ќе започнеме со детално мерење на јавното мислење, пораките кои мислиме да ги рефлектираме пред граѓаните, клучните зборови, така што ние сериозно се подготвуваме за тоа што претстои, а тоа се предвремените парламентарни зибори, имињата ќе ги дознае јавноста благовремено. Втората полоцина на декември ќе бидат познати имињата, рече тој.

Loading...

Како што порача секој кој се огрешил пред законите и ги осрамотил граѓаните ќе одговара.

Инаку лидерето на опозицијата Христијан Мицкоски денеска имаше средба со граѓаните на градскиот плоштад, а во текот на денот ќе разговара со граѓаните на повеќе локации.

Leave a Reply