19.05.2015 09:16

Метеролозите и за денес најавуваат врнежи и грмотевици


Ако понеделник донесе нестабилност на самата западна и источна граница од земјава, но не и во неа, вторник ќе ни ја донесе нестабилноста меѓу нив.

Вториот ден неделава ќе биде сончев претпладне и нестабилен, со дожд и грмежи попладне. Станува збор за локална нестабилност во поголем дел од земјава.

loading...

Дождот ќе одмине мал дел од земјава, пред се` крајниот југозапад и делови од централното подрачје. Навечер во северниот регион се` уште ќе има локална појава на дожд и грмежи.

Минималната температура ќе има вредност околу 15°С долж Повардарието и околу 13 во останатите места.

Се очекува највисока дневна температура до 31°С во јужниот дел на Повардарие, а низ останатите места околу 28°С. Малку посвежо ќе биде во југозападниот регион, околу 25°С.

На повисоките места максималната нема да надмине 24°С.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments