Метеоролозите најавуваат промена на временските прилики

Сподели со своите пријатели

Според метеоролозите на УХМР, денес ќе преовладува променливо облачно време и релативно топло за овој период од годината.

Во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд, но ќе дува засилен ветер од југозападен правец. По котлините, особено во утринските часови ќе има појава на утринска магла.

Од среда се очекува спуштање на постуден воздух од север, ќе има опаѓање на температурата воздухот, што ќе предизвика врнежите на некои од повисоките места и на планините да преминат во снег.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Ветар со силен интензитет има на Попова Шапка, Стража и Маврово.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица –  Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес,Крушево.

 

Loading...