Месечината мириса на барут, а вселената?

Сподели со своите пријатели

Вселената мириса на автомобилски трки, тоа е комбинација од топол метал, гасови од согорување на дизел и чад од скара, а изворот на таквиот мирис се ѕвездите кои умираат, наведуваат научниците.

Пропратен производ на гаснењето на ѕвездите се спејот на непријатен мирис – полициклични ароматични јаглеводороди.

Овие молекули се низ целата вселена, вели Луис Аламондол, основач и директор на Лабораторијта за астрофизика и астрохемија во истражувачкиот центар на НАСА, „Амес“.

Руски астронаут ќе мора да игра „криенка“ во вселената

Loading...

Магазинот „Популарна наука“ наведува дека јаглеводорите се наведени и како можна основа за најраните форми на живот на Земјата.

Полицикличните ароматични јаглеводороди може да се најдат во јаглен, нафта, па дури и во храната.

Иако луѓето не можат да ја вдишат вселената за да го почувствуваат нејзиниот чист мири (се работи за вакуум), кога астронаутите излегуваат од Меѓународната вселенска станица на прошетка овиечестички паѓаат на нивните одела на кои се задржуваат.

Астронаутите по вселенските прошетки пријавиле мирис на прегорено или препржено месо.

Ова се најстрашните звуци од вселената (аудио)

Мирисот на вселената е толку изразен што пред три години НАСА бараше од Стивен Пирс од компанијата која се занимава со производство на мириси, да обебзеди мирис за тренажни стимулации на астронаутите.

– Неодамна направивме мирис на Марс, а астронатите го споредија со барут, наведува Пирс.

Научниците наведуваат дека Сончевиот систем е особено ароматичен, затоа што е препол со јагларод, а има и малку кислород.

Како и кај автомобилите, ако нема доволно кислород, почнува да се појавува чад и да се чувствува непријатен мирис.

Ѕвездите богати со кислород имаат арома која потестува на скара на јаглен, додека надвор од Месечевата светлина мирисите можат да бидат навистина интересни, наведуваат научниците.

Во темните делови на вселената молекуларните облаци се полни со честички ситна прашина и имаат цела палета на мириси – од сладок шеќер до сулфурна смрдеа на расипани јајца.