Мелони: Секој што го велича фашизмот треба да биде исклучен од партијата

Сподели со своите пријатели

Италијанскиот премиер Џорџа Мелони ги предупреди своите сопартијци дека секој што го велича фашистичкото минато на Италија треба да биде исклучен од партијата „Браќата на Италија“, чиј лидер е таа.

Loading...

Мелони го изјави ова откако медиумите минатата недела објавија видео на кое се гледа како неколку членови на младинската група на партијата ја креваат десната рака во фашистички поздрав, извикувајќи „Sieg Heil“, пренесува Ројтерс.

Во вчерашното писмо до раководството на партијата, Мелони наведува дека е лута и тажна што со овој потег е нарушен угледот на партијата.

„Во нашата партија нема место за расизам или антисемитизам, како што никогаш немаше место за оние кои носталгично гледаат на тоталитарните режими од минатиот век. Нашата задача е премногу важна за да дозволиме да биде уништена од оние кои не ја разбираат големината на таа задача“, рече таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Група од 38 виетнамски туристи исчезна во Јужна Кореја

Партијата „Браќата на Италија“ го следи своето потекло од неофашистичката група која се појави по Втората светска војна, но Мелони се обидува да се дистанцира од ултрадесничарите и вели дека нејзината партија е класично конзервативна.

По објавувањето на видеото од интернет порталот Fenpage, италијанската опозиција објави дека владејачката партија е рај за екстремните десничари и дека се лажни напорите на премиерката да се претстави како умерена политичарка и во Италија и во светот.

Премиерката, која минатата недела ги осуди методите на Фанпејџ, рече дека нејзината партија мора да биде транспарентна и доследна.

„Секој кој верува дека јавниот имиџ на нашите сопартијци не се совпаѓа со тоа кои се тие приватно едноставно не разбира кои сме ние и затоа не е добредојден“, рече Мелони.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Милијардерка осудена на смртна казна поради корупција: Може да ја избегне само ако ги врати украдените пари

Фанпејџ објави клип, во кој членовите на младинската група на партијата извикуваат „дуче“, повикувајќи се на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини.

Ја објавија и преписката на некои членови во која беше пораката „Евреите се раса и јас ги презирам“.

По објавувањето на овие клипови, двајца членови на подмладокот на партијата поднесоа оставки“.