Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека земјата ќе биде домаќин на состанокот на Групата седум (Г7) на кој тема ќе биде кризата на Блискиот Исток.
Мелони денеска му кажа на својот кабинет дека постои „длабока загриженост“ поради најновите случувања, вклучително и ракетниот напад на Иран врз Израел и растечката нестабилност во Либан, соопшти нејзиниот кабинет, пренесе Анса.
Состанокот на Г7 ќе се одржи, како што е најавено, попладнево преку видео врска.
Иранската револуционерна гарда синоќа објави дека лансирала повеќе од 100 ракети врз Израел како одговор на неодамнешното убиство на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије, лидерот на Хезболах Хасан Насрала и заменик-оперативниот командант на иранската Револуционерна гарда Абас Нилфорушан.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по иранскиот ракетен напад изјави дека Иран направил „голема грешка“ и дека „ќе плати за тоа“, пренесува Танјуг.