Мексико: Над 200 војници испратени на северот да се борат против криминални банди

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Мексико објави дека околу 200 војници се испратени во северниот град Хуарез за да се борат против бандите на организираниот криминал по нападот на затворот во тој град кога загинаа 19 лица.

Loading...

Соопштено е и дека властите го отпуштиле директорот на затворот, од кој избегале најмалку 30 затвореници, меѓу кои и водачот на картелот Ернесто Алфредо Пињон де ла Круз, попознат како „Ел Нето“, пренесува Ројтерс, а пренесува Танјуг. .

Државните обвинители во пограничната држава Чивава соопштија дека шефот на затворот Хуарез, Алехандро Алварадо, бил отпуштен и дека е под истрага за можна улога во нападот во затворот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Полицијата соопшти дека нападот во неделата наутро се совпаднал со подготовките за посети на новогодишната ноќ.

Се наведува дека во нападот на затворот загинале 10 чувари, седум затвореници и двајца напаѓачи.