11.05.2015 23:40

Меѓународниот фактор со предупредување до Груевски и Владата (видео)


 

Непреземањето мерки и одговорност по наводите обелоденити во разговорите, фрла сомнеж во однос на владината посветеност кон демократските принципи и вредности. Продолжувањето на неуспехот да се покаже оваа обврска со конкретна акција ќе го поткопа напредокот на Македонија кон членство во ЕУ и во НАТО.

Ова е пораката која ја испратиле амбасадорите на САД, ЕУ, Велика Британија, Германија, Франција и Италија до премиерот Никола Груевски и Министерот за надворешни работи по денешната средба во Владата, соопшти амбасадорот на САД, Џес Бејли по средбата, зборувајќи во името на сите овие амбасадори.

loading...

„На овој ден на жалост во име на САД, Франција, Италија, Велика Британија, Германија и Европската унија, изразуваме сочувство до премиерот Груевски и до граѓаните на Македонија за трагичната смрт на храбрите припадници на полицијата кои беа убиени вчера во и околу Куманово.Понудивме да помогнеме на било кој начин на кој можеме.

Ние се приклучуваме кон повиците на граѓаните низ целата земја и политичките лидери за отфрлањето на насилството. Ја поздравуваме иницијативата на Претседателот да се сретне со сите политички партии, и апелираме до граѓаните на воздржаност кон настаните од викендот, а бараме и смиреност од страна на било која група во следните неколку недели.

Во врска со настаните во Куманово на нашата средба со премиерот Никола Груевски, ние  го потврдивме пријателството на нашите земји и организации со граѓаните на Македонија. Ние веќе долго време ги поддржуваме напорите на Македонија за влез во ЕУ и НАТО, и како пријатели и партнери, исто така, ја изразивме нашата загриженост во врска со актуелната политичка криза.

Ние особено ја потенциравме нашата загриженост до премиерот дека неговата Влада не постигна напредок за одговорноста во врска со многуте наводи за злоупотребите на владата што произлегуваат од обелоденувањата. Оваа неактивност фрла сериозни сомневања во однос на владината посветеноста за демократските принципи и вредностите на евро-атлантската заедница. Продолжувањето на неуспехот да се покаже оваа обврска со конкретна акција ќе го поткопа напредокот на Македонија кон членство во ЕУ и во НАТО.

Ние, исто така, го изразивме нашето очекување дека во однос на објавените разговори кои откриваат јасно неприфатливо однесување од страна на владините преставници, ќе се преземат соодветни политички и законски мерки против одговорните лица. Во однос на институционалните слабости истакнати во разговорите, ја повикуваме владата да се разгледаат конкретни реформи, како што е реформата на изборниот систем, слободата на медиумите, независноста на судството, слободата на говорот.

Конечно,  ние продолжуваме  да го поддржуваме целосно фундаменталното демократско право на граѓаните да се собираат и да протестираат мирно, и ние апелираме до сите страни да се воздржат од насилство. Мирното остварување на демократските права и одбивање на агресивни дела кон сограѓани – дали од полицијата или демонстранти – е соодветна почит на храброста и пожртвуваноста на оние кои го дадоа својот живот во служба на граѓаните на Македонија“, пишува во заеодничката реакција на овие амбасадори.

Во наредните денови, како што се вели во соопштението, амбасадорите ќе одржат слични средби и со лидерот на опозицијата Зоран Заев, и со лидерот на ДУИ АлиАхмети.

loading...

© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments