Меѓу урнатините во Турција, една зграда остана недопрена (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Адијаман, еден од градовите најтешко погодени од минатонеделниот разорен земјотрес во јужна Турција, една зграда остана недопрена среде урнатините.

Loading...

Станува збор за културниот центар Commagene, кој го изгради Министерството за индустрија и технологија со средства од ЕУ, пишува порталот Cumhuriyet.

Една од стотиците уништени згради во градот беше и таа на општината.

Но, културниот центар Commagene, првата паметна зграда во градот, се наоѓа веднаш до општината и воопшто не беше оштетена.

Ниту стаклата на зградата не се скршени.

Изградбата започна во 2020 година, а центарот беше отворен во септември 2022 година. Архитектите Јавуз Озкаја и Синан Ербуг стојат зад изградбата, додека самата зграда е под контрола на градот Адијаман.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.