Мегапопуларната Сандра Африка во петокот во Куманово

Сподели со своите пријатели

Kуманово неделава ќе биде домаќин на една од најпопуларните српски пејачки, Сандра Африка. Настапот ќе се оддржи во Бар Версус, локалот кој со овој ангажман го исполнува ветувањето дека ќе ги донесе најпопуларните балкански артисти. Концертот ќе се оддржи во петок, 7 јули, со почеток во 21:00 часот. Покрај Сандра, за загревање на атмосферата ќе биде задолжен DJ Марко, додека менаџментот најави уште едно изненадување за публиката.

Loading...

Сандра Африка важи за една од најатрактивните балкански звезди чија што успешна кариера започна пред точно 10 години. Од тогаш, Сандра е константно ангажирана и нејзините настапи се секогаш преполни. Ова ќе биде нејзино премиерно гостување во Куманово. Нејзиниот провокативен стил никого не остава рамнодушен, па во петокот со сигурност можеме да очекуваме спектакуларен настан.

Првите 150 влезници ќе се продаваат по цена од 200 денари во просториите на Бар Версус, додека влезницата на врата ќе чини 250 денари. Поради големата посетеност која се очекува, резервациите за настанот ќе важат до 22:00 часот. Повеќе информации можете да најдете на овој линк.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.