Медведев се заканува: Ова е само загревање

Сподели со своите пријатели

Сојузникот на Путин и заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, упати нова закана до режимот во Киев по изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека не е подготвен да преговара со Москва бидејќи руската страна поставува ултиматуми.

Loading...

Медведев му порача на Зеленски дека ова е само загревање и детска игра за ултиматумите што следат.

„Сегашните „ултиматуми“ се само загревање и детска игра за барањата што ќе ги имаме во иднина. И тој ги знае – целосна капитулација на режимот во Киев под услови на Русија“, напиша Медведев на Телеграм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинa објавија инструкции: Што во случај на нуклеарен напад?

Претходно Зеленски изјави дека во овој момент не е подготвен да преговара со Москва. Во интервју за Си-Ен-Ен, тој рече:

„Тоа е мојот принцип, не разговарам со оние кои поставуваат ултиматуми“.

Тој тврди дека Русија нема желба да преговара на конструктивен начин.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.