Медведев: Одлучија да му судат на претседател на нуклеарна сила. Последиците ќе бидат монструозни

Сподели со своите пријатели

Минатата недела Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на Владимир Путин.

Loading...

Хашкиот суд издаде налог за апсење на рускиот претседател поради сомнение дека е одговорен за нелегална депортација на деца и илегално пренесување на луѓе од територијата на Украина во Руската Федерација.

Покрај Путин, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде и налог за апсење на неговата комесарка за правата на децата, Марија Алексеевна Лвова-Белова, под истите обвиненија за нелегална депортација на украински деца.

Судиите на претходна постапка на МКС оценија дека постојат „разумни основи да се верува дека двајцата осомничени сносат одговорност за военото злосторство илегална депортација на населението и незаконско префрлање на населението од окупираните територии на Украина во Руската Федерација, на штета на украинските деца“.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на Владимир Путин ќе има сериозни последици за меѓународното право.

„Тие одлучија да му судат на претседателот на нуклеарна сила што не учествува во МКС по истите основи како САД и другите земји. Последиците за меѓународното право ќе бидат монструозни“, напиша Медведев на Телеграм.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.