Медиумите јавуваат за нова ескалација на преминот во Гевгелија

Сподели со своите пријатели

По најавите дека ситуацијата на граничниот премин во Гевгелија е под контрола, Радио Слободна Европа јавува дека голема група на мигранти во неколку наврати денеска ја пробија бодликавата жица и полицискиот кордон кои ги спречуваа да влезат на македонска територија.

Loading...

Според РСЕ, мигрантите потоа избегале кон околните полиња и се упатиле кон железничката станица во Гевгелија, масовно навлегувајќи на македонска територија каде има помал број на безбедносните сили, кои биле немоќни под налетот.

Полицијата употребила и шок бомби за да го спречи нивното движење, а некои од мигрантите колабирале.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.