Маж се откажал од шеќер и алкохол на 30 дена и еве ги резултатите (видео)

Сподели со своите пријатели

Поради денешниот забрзан и урбан живот, како и стресните услови во кои егзистираме, луѓето во се` поголем број се ориентираат кон здрав животен стил. Но, дали здравата исхрана навистина може да влијае за подобро здравје?

Loading...

Агенцијата Лајфхантерс тим, позната по своите вирални видео записи, одлучила да ја провери оваа теза така што нивниот човеч Саша Харланд на еден месец се откажал од алкохол и храна со додаден шеќер.

На почеток, како што самиот признава, Саша бил нервозен и напнат и константно чувстувал желба за слатки работи, но како што поминувало времето, тој се` повеќе го поднесувал животот без пороци. На крајот од експериментот, резултатите зборувале сами за себе.

”После еден месец без адитиви, јас навистина се чувстувам подобро. Имам повеќе енергија, и изгубив 3,6 килограми. Го намалив крвниот притисок и нивото на шеќерот во крвта, а нивото на холестеролот ми падна за 8 единици, вели Харланд.”

Видеото со неговиот експеримент досега го разгелдале повеќе од 3,6 милиони луѓе, од кои многумина се одлучиле да тргнат по неговиот пример.