Маж нападнат со остар предмет во липковско

Сподели со своите пријатели

Четириест и четиригодишен жител на липковското село Ропаљце бил нападнат со остар предмет од неколку лица по кратка расправија.

Loading...

– На 19.11.2023 во 07.30 часот во Полициското одделение Матејче, Р.И.(44) од с.Ропаљце, липковско, пријавил дека на патот село Ропаљце кон село Матејче, липковско, по кратка расправија, бил нападнат од неколку лица кои со остар предмет му нанеле повреда, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од полицијата додаваат дека бил извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, полицијата им пронашла различни видови наркотици