Маж исчезнал пред десет дена, неговите остатоци пронајдени во ајкула

Сподели со своите пријатели

Во ајкула се пронајдени посмртните останки на маж од Аргентина кој исчезнал на почетокот на месецов.

Loading...

Диего Бариа (32), татко на три деца, последен пат бил виден на 18 февруари како го вози својот теренец во близина на брегот во јужната аргентинска провинција Чубут.

Двајца рибари пријавиле дека уловиле три ајкули во близина на местото каде што било пронајдено возилото на Диего во неделата наутро, пишува Sky News.

Рибарите рекле дека пронашле човечки остатоци во една од ајкулите додека ги чистеле.

Семејството на Диего го идентификувало со помош на „тетоважата пронајдена на останките“, изјави Даниела Милатрус, полицаец вклучена во потрагата по него.

Таа додаде дека ќе се направи ДНК тест за да се потврди неговиот идентитет. Иако не е јасно што точно се случило, истрагата продолжува.

Возилото на Диего било пронајдено на плажа два дена по неговото исчезнување.

– Претпоставуваме дека Диего имал сообраќајна несреќа и истражуваме дали е вмешано возилото – додала полицајката.

Loading...

Кристијан Ансалдо, кој раководи со полицискиот оддел во градот Комодоро Ривадавија, рече дека ајкулата била долга околу 1,5 метар и дека најверојатно Бариа „доживеала несреќа и бил одвлечен“.

Тој рече дека имало силен бран во текот на викендот кога г-дин Барија исчезнал.