Масовната вакцинација со кинеската вакцина започнува вторник по Велигден

Сподели со своите пријатели

Вторник по Велигден е денот кога освен во Скопје, масовната вакцинација ќе започне и во Охрид, Штип, Куманово, Битола, Тетово и Кавадарци.

Loading...

Околу 200.000 дози на кинеската Синофарм ќе пристигнат во земјава, а планот за дистрибуција, вели министерот за здравство Венко Филипче, е подготвен.

– Она за што се спремаме е за пристигнувањето на целата количина од 200.000 дози на вакцината Синофарм. Спремен е планот и дистрибуција ќе се довива согласно бројот на пријавени граѓани на сајтот vakcinacija.mk. Вакцините ќе бидат дистрибуирани ширум државата и вакцинацијата со таа вакцина ќе започне во вторник непосредно после завршувањето на велигденските празници. До тогаш ќе бидат сите спортски сали и училишни сали во сите 6 градови спремни. Салата во Охрид е веќе спремна, до понеделник, односно вторник и во останатите градови Штип, Куманово, Битола, Тетово и Кавадарци ќе бидат спремни и опремени, со потребните фрижидери, опрема и со кадар, изјави министерот Филипче.

Околу 150.000 граѓани досега се пријавени преку сајтот vakcinacija.mk и имунизацијата ќе продолжи со нив.

Покрај кинеските вакцини, секој понеделник од компанијата Фајзер ќе пристигнуваат од пет до седум илјади дози во мај.

Никола Ивановски

Leave a Reply