МАСАКАР ВО МЕКСИКО: 19 лица убиени на тајна забава

Сподели со своите пријатели

Вооружени напаѓачи убија најмалку 19 лица на тајна забава во западно Мексико, соопшти денеска државното обвинителство.

Loading...

Според Ројтерс, неколку лица се префрлени во болница.

Престрелката се случила во општината Зинапекваро во сојузната држава Мичоакан, каде веќе подолго време траат судирите меѓу ривалските банди, кои се борат за контрола на патиштата за снабдување со дрога и кои се занимаваат со изнуда на фармери.