Мартин Костовски е реизбран за претседател на ОО на СДСМ Куманово

Сподели со своите пријатели

Мартин Костовски, инаку актуелен претсетадел на ОО на СДСМ Куманово, вечерва повторно беше избран да ја води партијата на локално ниво во следните четири години, откако неодамна беше отворен повикот за поднесување нови кандидатури за прв човек на СДСМ во Куманово.

Loading...

Костовски, кој досега важеше за успешен лидер на локалната партиска организација, овојпат се соочи, за претседателската позиција да се бори во тесен круг со уште тројца кандидати, кои немаат искуство како претседатели на партија, но, од друга страна, уживаат почит како успешни менаџери, како што е примерот со Горан Стојковски, актуелен директор на Јавното претпријатие Водовод.

Старо новиот претседател на ОО на СДСМ Куманово во следниот мандат, и покрај фактот што градот досега не бележи мандат на опозициската ВМРО ДПМНЕ, ќе мора во следните четири години да се погрижи за одржување на партискиот континуитет, но и да работи на подготовка за претседателските избори, и евентуални предвремени парламентарни избори ако се земе во предвид кревкото парламентарно мнозинство и соработката на владините коалицинери  со владеачката СДСМ.

Мартин Костовски во моментот, покрај партискиот ангажман, ја извршува функцијата директор на Службениот весник на Република Македонија.