Мароко: 50.000 згради се целосно или делумно уништени во земјотресот

Сподели со своите пријатели

Околу 50.000 станбени згради беа целосно или делумно уништени во разорниот земјотрес што го погоди Мароко.

Loading...

Во четврток, на 14 септември, се одржа вонреден состанок под претседателство на кралот Мохамед Шести со цел да се активира програмата за вонредни состојби и да се задоволат потребите од прифатилишта за жртвите од земјотресот и да се достави потребната помош.

Во соопштението по средбата беше наведено дека околу 50.000 куќи се целосно уништени или делумно оштетени во регионите погодени од земјотресот, а државата ќе обезбеди итна помош во вредност од 30.000 дирхами (околу 3.000 долари) на семејствата погодени од земјотресот.

Директна финансиска помош од 140.000 дирхами (околу 14.000 долари) ќе биде обезбедена за целосно урнати куќи и 80.000 дирхами (околу 8.000 американски долари) за делумно урнати куќи.

Земјотрес со јачина од седум степени според Рихтеровата скала го погоди Мароко на 8 септември во 23:10 часот по локално време, со епицентар во областа Ел-Хуз во Маракеш.

Освен Маракеш, земјотрес ги погоди и главниот град Рабат и градовите Казабланка, Мекнес, Агадир и Фез.

Мароканското Министерство за внатрешни работи соопшти дека според последните податоци во земјотресот животот го загубиле 2.946 лица, а 5.674 се повредени.