Марјан Каранфиловиќ ќе биде шеф на Изборниот штаб на ОО на ГРОМ Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Марјан Каранфиловиќ ќе биде шефот на Изборниот штаб кој Општинската организација на ГРОМ од Куманово веќе го има формиарно за претстојните предвремени парламентарни избори.

Формиран е општински Изборен штаб кој работи на спроведување на следните избори и со целото наше однесување и до сега и во иднина целосно ќе бидеме посветени претстојните избори да поминат во најдобар ред – изјави Зоран Петрушевски, член на ОО на ГРОМ од Куманово.

Во текот на вчерашниот ден Општинската организација на ГРОМ од Куманово одржа прес конфренција на која ги повикаа сите граѓани да земат активно учество во претстојниот предизборен и изборен период, но истите да покажат високо ниво на политичка свест и култура.

Ние од Граѓанската опција за Македонија цениме дека како резултат на сите овие политички превирања, игри и манипулации најголема штета претрпеа нашите државни институции како законодавните, така и извршните и судските, но и културните, спортските, здравствените и образовните, а сите тие политички играрии нанесоа огромна штета и на економски план. Сметаме дека овие избори се нашата последна шанска и како народ и како нација да застанеме на патот на рушењето на нашите институции, а тоа значи на нашата држава – рече Зоран Петрушевски.

Петрушевски наведе дека токму Општинската организација на ГРОМ е пример за тоа како треба граѓаните и политичарите да се однесуваат кон институциите.

Сведоци сте дека ја критикуваме нашата општина, т.е. луѓето кои ја водат за недомаќинско однесување и јавно кажуваме дека сме незадоволни од тоа како нашата општина работи, но ние во ниту еден момент не ги навредуваме, не ги омаловажуваме и не го оспоруваме легитимитетот на луѓето кои се на чело на оваа наша локална институција. Напротив, предлагаме решенија и начини како би требало таа да работи подобро во интерес на нашите граѓани, а не ретко и отворено даваме поддршка на некои нејзини активности – истакна Петрушевски.

Од партијата истакнаа дека целокупната ситуација кај кумановци вдоми пеисимизам, дефетизам и апатија дека ни нема спас, а на луѓето им е „преку глава“ од политика.

Не е се изгубено и мора да напарвиме се, да и помогнеме на државата да ги преброди овие тешкотии во кои се наоѓа веќе подолг период. За разлика од вообичаените времиња кога државата ни служи нам, на граѓаните, токму сега ние граѓаните сме и најпотребни на нашата држава – вели Зоран Петрушевски.

Од Општинската организација на ГРОМ од Куманово повикаа сите добронамерни граѓани и политички субјекти да бидат одговорни и свесни за моментот во кој се наоѓа земјата и заедно да допринесат во надминување на овие, како што велат, тешки денови.