Помошникот на градоначалникот на Мариупол Петро Андриушченко изјави денеска дека овој град е затворен за сите што сакаат да влезат, додека секој обид за напуштање е „многу опасен“.
Британија: Русија ги повлекува своите сили од Грузија и ги подготвува за Украина
Андриушченко тврди дека руските сили од четвртокот спречуваат и најмали количини хуманитарна помош да стигнат до заробените жители, како што вели, истакнувајќи дека планираниот хуманитарен коридор не е отворен, пренесе Ројтерс.
„Градот останува затворен за влез и многу е опасно да се излезе со приватен превоз. Во четвртокот окупаторите категорично забранија испорака на секаква хуманитарна помош, дури и во најмали количини“, рече тој.
Колона автобуси што била подготвена да замине за Мариупол за да ги собере цивилите не стигнала до градот, соопштија украинските власти во четвртокот навечер.