Маричиќ денес продолжува со панел дискусиите посветени на Кластерите 4 и 5

Сподели со своите пријатели

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес ќе ја отвори втората панел-дискусија во рамки на настанот: „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности!“, посветена на Кластерот 4, „Зелена агенда и одржлива поврзаност“ и Кластерот 5, „Ресурси, земјоделство и кохезија“.

Loading...

Темата на двете панел дискусии е: „Зелена агенда-Обновливи ресурси, македонска храна, европски пазари“, каде панелистите ќе говорат за напредокот и предизвиците во кластерите 4 и 5, напредокот кој е постигнат, надминувањето на нотираните слабости во насока на хармонизација и усвојување на европското законодавство и предизвиците кои ни претстојат, бидејќи полноправното членство во Европската Унија ни е од недвосмислен интерес и дека треба да се работи заеднички и посветено во процесот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Нема менување историја, виткање кичма и обезличување на македонскиот народ

Во рамки на првата сесија посветена на кластер 4, панелисти ќе бидат министерот за животна средина и просторно планирање и координатор на Кластер 4, Насер Нуредини, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, Олимпија Х. Заевска, предавач на Школа за Бизнис на Копенхаген, градоначалникот на општина Валандово и член на управен одбор на ЗЕЛС Перо Костадинов и директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски.

На втората сесија посветена на кластер 5 за ресурси, земјоделство и кохезија, ќе говорат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – ИПАРД, Никица Бачовски, Орхидеја Каљошевска од Инвестициска рамка за Западен Балкан, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски и претседателот на ГО „Рурална мрежа“ Петар Ѓоргиевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ ќе ја врати правдата во Македонија (ФОТО)

Ова е втора панел-дискусија, првата беше одржана минатион месец, на тема: „Со сите капацитети до европски стандарди – институции кои испорачуваат за граѓаните“, посветена на кластерите 1 и 6, односно „Фундаментални вредности“ и „Надворешни односи“ а следниот месец ќе следи и третата за Кластерите 2 и 3, односно „Внатрешен пазар“ и „Конкурентност и инклузивен раст“.

Секретаријатот за европски прашања со поддршка преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ кој го спроведува Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги УНОПС, организира серија панел дискусии под слоганот: „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности!“.